Quantcast
Channel: Сцена – Kurir.mk
Viewing all 23801 articles
Browse latest View live

Среде пренос во живо, славниот актер упадна во кадарот и го зеде микрофонот на репортерката (ВИДЕО)

$
0
0

Австралиската репортерка беше изненадена кога ја читаше временската прогноза на ливада во кадарот и упадна холивудскиот актер Крис Хемсворт. Лорен Филипс известуваше од една ливада во Сконе, град во австралиската држава Нов Јужен Велс. Ја читаше временската прогноза кога позади неа се појави познатиот актер кој ноншалантно и пријде и и го одзеде микрофонот. Нејзините колеги во студиото, Ричард Вилкинс и Ребека Мадерн, не можеа да сокријат колку се шокирани од оваа ситуација. Репортерката брзо се справи и го праша актерот дали би го презел читањето на прогнозата, што тој го сторил. Лорен се пофали и со видеото на Инстаграм и со шеговит тон напиша: „Излези од мојот кадар, човеку“.

Таа е помлада од него 15 години- еве како изгледа сопругата на Владо Георгиев која му роди две деца (ФОТО)

$
0
0

Владо Георгиев и неговата поубава половина Милица Самарџија се запознаа на снимањето на песната „Искрено“. Нивната љубовна приказна започнала пред шест години, а пејачот на сите начини се обидуваше да ја сокрие романсата.
Тие прв пат беа фатени на дело кога папараците во 2014 година ги забележаа заедно во Црна Гора, во неговиот роден Херцег Нови. Потоа набргу Владо и Милица се разделуваат. но по неколку месеци, откако ќе се врати во Белград, решаваат на љубовта да и дадат уште една шанса.
 
View this post on Instagram
 

Dje ste bando instagramska ja u điru

A post shared by Vlado Georgiev Barba (@vladogeorgiev) on

Тоа воедно ќе биде и причина вечниот ерген кој со години бегаше од тоа да создаде свое семејство и од брачните обврски, на крај сосем случајно да го пронајде своето гнездо и својата доживотна партнерка.
 
View this post on Instagram
 

Happy birthday to me

A post shared by Vlado Georgiev Barba (@vladogeorgiev) on

 
View this post on Instagram
 

Schönbrunn - meine Liebe und Ich #wien #schönbrunn #museum

A post shared by Vlado Georgiev Barba (@vladogeorgiev) on

 
View this post on Instagram
 

IZADJITE! Danas IZADJITE #bezstraha

A post shared by Vlado Georgiev Barba (@vladogeorgiev) on

Кучето на Лепа Брена го искасало нејзиниот популарен колега: Фолкерот и дошол на гости, па искасан завршил на лекар!

$
0
0

Во една прилика, фолк пејачот Драган Којиќ – Кеба решил да ја посети дома колешката Лепа Брена, која е и негова соседка, а кучето на Брена силно го гризнало. Кеба,гостувајќи во една емисија, открил како се случил овој необичен немил настан. „Не знам што му бидна, што тоа се случи со него. Можеби Боба му дал ракија да проба“ – низ насмевка раскажал фолкерот и продолжил. „Толку пати сме биле кај нив и немало никаков проблем, се’ било во ред. Изгледа дека тој почувствува љубомора, бидејќи веројатно претходно сум го галел мојот малтежанец. Морав така искасан да одам на лекар, каде добив тетанус и инјекција против беснило. Ме гризна толку многу, силно што и денес му го памтам“ – изјави Кеба во емисијата „Гранд специјал“.

Синооката убавица Бар Рафаели осудена на девет месеци општокорисна работа и казнета: Еве ја причината

$
0
0

Поранешната девојка на Леонардо Дикаприо, манекенката Бар Рафаели, во неделата беше осудена на девет месеци општокорисна работа и казнета со повеќе од 600.000 евра, од израелското правосудство, за затајување данок. Израелскиот супермодел, телевизиска водителка и актера Бар и нејзината мајка воедно моден агент Ципи Левин, која исто така се изјасни за виновна и преговараше за изрекување казна, беше осудена на 16 месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони, за заостанати даноци. Израелскиот топ модел, со три милиони следбеници на Инстаграм, беше осудена на 20 јули за давање лажни изјави за период на престој во странство за да ги избегне израелските даноци. Таа се изјасни за виновна според договорот кој предвидува девет месеци општокорисна работа и парична казна од 2,5 милиони шекели, или 610.000 евра, како и компензација за заостанатите даноци. Договорот го потврди судот на Тел Авив во неделата, пренесува АФП. Израелските граѓани кои престојуваат во странство не се обврзани да ги пријавуваат своите приходи надвор од земјата. Но, израелските власти ја обвинуваат манекенката и нејзината мајка дека пријавиле измислен престој во странство за да ја искористат дупката во израелскиот закон и да плаќаат помалку даноци. Бар Рафаели ќе започне со работа за општо добро на 21 септември.

Ана Николиќ: „ Не ми е до с*кс, а ме „мува“ тип подобар од Бред Пит, а јас плачам поради рецепционер“

$
0
0

Пејачката Ана Николиќ предизвика огромно внимание во јавноста со својот физички изглед. Трансформацијата од „буцка“ во „манекенка“ не е единственото што се пишува и се зборува со месеци, туку и љубовниот живот на пејачката. Таа откри дека песната„ Не сакам секс “е автобиографска. “За мене, сексот и љубовта се условно поврзани. Бред Пит може да лежи во кревет покрај мене, но ако јас сакам некое просечно момче … Верувајте ми, плачев за момче кое беше рецепционер! Љубовта нема предуслови „Не ми е гајле за физичкиот изглед, социјалниот статус, моќта … Сè е ирелевантно кога станува збор за вистински емоции“, рече Ана и откри детал што помогна во создавањето на новата песна.
“Се сетив на една ситуација во мојот живот кога навистина не сакав да водам љубов со мојот партнер. И тоа беше поттик сама да го напишам рефренот”.

Брус Спрингстин со нов албум (ВИДЕО)

$
0
0

Американската поп-рок легенда Брус Спрингстин за оваа есен најави нов албум, под наслов „Letter to you”. Официјалниот датум е 23 октомври. По тој повод е објавен и видеоспот за насловната песна. Албумот „Letter to you” (Писмо до тебе) ќе биде објавен непосредно пред овогодишните претседателски избори во САД, каде што постојниот претседател и кандидат на Републиканската партија, Доналд Трамп, и кандидатот на Демократската партија, Џо Бајден – инаку поранешен потпретседател на САД, ќе ги одмерат своите сили. Спрингстин, инаку, никогаш не ги криел своите политички погледи и ставови и наклонетоста кон Демократската партија. Сѐ ова потсеќа на една од најпознатите погрешно сфатени песни – „Born in the USA“, која ако се слушне само рефренот, делува како величање на американскиот национал-патриотизам. Поради тоа, пред неколку десетлетија беше прифатена како своевидна химна на републиканците. Но, тука всушност, Брус Спрингстин јасно ги критикува САД и воената интервенција во Виетнам. Според западните медиуми, можно е Спрингстин повторно да има своја порака во овие бурни времиња за неговата земја. (МИА)

Во едната рака синот, во другата пушката, а Богдана лупи краставица: За оваа фотографија не престанува да се збори! (ФОТО)

$
0
0

Вељко Ражнатовиќ во неделата објави фотографија, која стана вирална на социјалните мрежи. Во прашање е семејна фотка на семејството Ражнатовиќ и нивниот син, за истата не престанува да се зборува. На фотката која е настаната во шума може да се види Богдана, Вељко и малиот Жељко, кого брачниот пар го доби во јуни оваа година. Името тој го доби по својот покоен дедо Жељко Ражнатовиќ – Аркан, а за раѓањето на новиот наследник се пишуваше со денови. Богдана на фотографијата лупи краставица, а Вељко без маица на себе го држи синот во скут, додека во десната рака држи пушка потпрена покрај неговото уво. Пред нив стои големо куче, а исто така може покрај нив има и скара, ќумур и спакувано месо. Додека некои се воодушевени од фотографијата, останатите се со неверување, бидејќи досега такво нешто не виделе и сметаат дека претерале. Но, по се изгледа семејството Ражнатовиќ уживало додека го правеле својот пикник. – Знаеш од каде си сине, погледни ги сивите планини, цвеќето прецветало. Шумадиско сонце засијало… Поздрав од мајка Србија – напишал Вељко како коментар на објавената фотографија.

Водителката на ТВ Пинк е природно надарена: Марија има природна убавина и секси позадина (ФОТО)

$
0
0

Марија Егеља важи за една од најатрактивните ТВ водителки на српската јавна сцена. Со новите фотографии што ги сподели на својот профил на „Инстаграм“, водителката на „Пинк“ уште еднаш го оправда тој статус. Додека уживаше на плажа, Марија позираше во предизвикувачко издание. Водителката над костимот за капење носи проѕирен бел фустан, под кој се гледа секси задникот на Марија. Дека не само однапред туку и одзади е природно надарена со раскошна убавина водителката потврди и во моментите додека се шеташе во плиткото покрај брегот.    

ВИДЕО: Поранешната на Хамилтон, Косоварката Ора пак ги распламти страстите

$
0
0

Британската поп-пејачка со косовско потекло Рита Ора, која во минатото делеше ист кревет со светскиот првак во Формула 1 Луис Хамилтон, повторно ги распламти страстите на социјалните мрежи.
 
View this post on Instagram
 

Summers basically over anyways here’s a memory I found ☺️

A post shared by RITA ORA (@ritaora) on

Популарната пејачка, овој пат, наместо со политички пораки, го привлече вниманието со жешко видео, кое набрзина собра над 1.5 милион прегледи.

Се омажи за 24 часа, а се разведе за неколку недели: Розман ја подарува својата венчаница „носена само еднаш, по грешка“

$
0
0

Македонската манекенка Емилија Розман во јули се вери со своето момче Стефан Ангелкоски, со кого беше во врска само 24 часа пред тој да ја побара за жена. „Сè се случи со молскавична брзина“, изјави тогаш Розман, а веројатно истото важи и за нивниот брак бидејќи неодамна објави интересна фотографија со која го потврди разводот од Ангелкоски. „Подарувам венчаница, носена само еднаш, по грешка“, пишува на фотографијата која манекенката ја објави на својот Инстаграм профил откако медиумите започнаа да пишуваат за нејзиниот развод чија причина сè уште останува непозната. За потсетување, 28-годишната Розман му кажа „да“ на Стефан по само 24-часовна врска, а парот се запознал преку заеднички пријател. „Во врска бевме само 24 часа откако Стефан ме побара за жена. Сè се случи со молскавична брзина. Во вторникот со мој другар седев кај него во гостилница, имав пауза од работа. Со другар ми отидовме да јадеме, кога таму влезе Стефан и дојде кај нас на маса да се поздрави, бидејки се познаваа со другар ми. Кога ја пружи раката да се поздрави со мене ја симна маската и кога му ја видов насмевката веднаш паднав. Се договоривме да одиме утредента, во средата во Охрид. На пат за Охрид, како што се возевме, ми рече: „Сакаш ли да одиме во матично?“ Јас реков - зошто да не. Ама ова беше заљубување до даска, 200 посто и тој и јас. Во Охрид сакавме да направиме матично, покрај езеро. Но, не нѝ успеа бидејки Стефан немаше извод. Кога се вративме во Скопје предложи да одиме на Козјак. По пат почна да се шегува со мене, дека наводно се предомислил. Кога стасавме таму, додека да се свртам тој веќе беше клекнат на колена со прстен во раце. Секако реков – да“, изјави тогаш манекенката.

Се разведува еден од најпопуларните турски парови: Беа поим за љубов, но некои работи едноставно беа премногу!

$
0
0

Еден од најпопуларните турски актери, Бурак Озвивит, исто така познат на јавноста како познатиот Бали Бег од серијата „Величествениот Султан“, наводно се разведува од својата убава сопруга и актерка Фахрие Евчен, а веста ја пренесоа тамошните медиуми. Проблемите во нивниот брак, наводно, започнале откако Фахрије паднала во депресија поради смртта на нејзиниот татко и одбила да ги прифати советите и препораките на Бурак да побара стручна помош додека тој се грижел за нивниот син. Според извор близок до парот, прашањето за воспитување на дете било тоа што ставило крај, затоа што секој сакал да го воспитува својот син на свој начин. Бурак, наводно, веќе немал трпение за однесувањето на неговата сопруга, но таа, како што велат, е подготвена на сè за да го задржи, па решила кариерата да ја стави на пауза. Актерската двојка ја освои публиката во турските серии, а тие се заљубија на снимањето на една од нив. Подоцна го снимија филмот „Љубовта личи на тебе“, а јавноста во тоа време дозна дека се во врска. „Страста се разви меѓу нас веднаш штом се запознавме, тоа беше посебна енергија. Откако го направивме филмот заедно, нашата врска стана посилна и подлабока“, објаснил еднаш Бурак. Тие се венчаа во 2017 година во Истанбул по четиригодишна врска, а минатата година го добија синот Каран. Покрај актерството, Евџен е и модел, но беше и заштитно лице на брендот Лореал и беше вклучена во списокот на најубави жени во светот. Познати се како една од најатрактивните турски парови, па папараците ги следат скоро на секој чекор.

Ја растури свадбата, а сега и врската со пејачката- синот на Шабан Шаулиќ ја остави една од најзгодните пејачки на естрадата (ФОТО)

$
0
0

Раскинаа пејачката Александра Младеновиќ и синот на Шабан, Михајло Шаулиќ. Како што се дознава, Александра се посветила на работните обврски, токму како и Михајло. Нивните пријатели веруваат дека станува збор за криза и дека парот ќе се смири.
 
View this post on Instagram
 

🌠

A post shared by Aleksandra Mladenovic (@aleksandra_mladenovic_) on

 
View this post on Instagram
 

👋🏼❤

A post shared by Aleksandra Mladenovic (@aleksandra_mladenovic_) on

Пејачката и Михајло ставија точка на врската која траеше неколку месеци и го прекинаа секој контакт.
 
View this post on Instagram
 

😍

A post shared by Aleksandra Mladenovic (@aleksandra_mladenovic_) on

 
View this post on Instagram
 

👋🏼🖤 Večeras @splav_maximus Smederevo ❤

A post shared by Aleksandra Mladenovic (@aleksandra_mladenovic_) on

За романсата на пејачката Александра Младеновиќ и синот на покојниот крал на народната музика, Шабан Шаулиќ, Михајло, јавноста дозна кога тој се појавил на нејзиниот роденден во јуни годинава. И додека нивната врска стана јавна, тие веќе раскинаа.
 
View this post on Instagram
 

Happy birthday to me 🙈 26 🎈🎈🎉🎉🎉❤❤❤❤❤

A post shared by Aleksandra Mladenovic (@aleksandra_mladenovic_) on

 
View this post on Instagram
 

🥂

A post shared by Aleksandra Mladenovic (@aleksandra_mladenovic_) on

Турунџиева си ја отвори душата- призна дека годината не и тргнало на добро, но собра сили и запеа песна со Атиџе (ВИДЕО)

$
0
0

Телевизиската водителка Сузана Турунџиева на социјалната мрежа Инстаграм се пофали дека ја посетила хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, во нејзиниот дом. Таа вели дека годината ѝ тргнала лошо, но дека средбата со Атиџе била најдоброто нешто што ѝ се случило во изминатиов период.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by Сузана Турунџиева (@suzana_turundzieva) on

„Не престанавме 2020 година да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020 е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од сè е пријателството со Атиџе – жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата „диоптрија” на животот. Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат… Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме. Фала ти животе“, напиша Сузана.
 
View this post on Instagram
 

#honeyland #makedonskodevojce #medenazemja #medenazemlja #меденаземја

A post shared by Сузана Турунџиева (@suzana_turundzieva) on

Од кралскиот двор до целосна независност: Принцот Хари полни 36 години

$
0
0

Хенри Чарлс Алберт Дејвид Маунтбатен-Виндзор, внук на кралицата Елизабета Втора, поранешен војвода од Сасекс или само принцот Хари, денес полни 36 години! Пред да се откаже од кралската титула на почетокот на 2020 година, тој беше шести по ред на британскиот трон по неговиот татко, принцот Чарлс, неговиот брат, принцот Вилијам и неговите внуци, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис. Хари завршил во најпрестижното приватно училиште во Итон, а високото образование го добил на Кралската воена академија Сандхурст. Кон крајот на 2007 година и почетокот на 2008 година, Хари служеше во Авганистан како воен контролор на летање и ги координираше летовите против талибанците. Откако веста за неговиот престој таму ја пренесе странскиот печат, принцот од безбедносни причини мораше да го прекине престојот во Авганистан пред предвидениот рок. Заедно со неговиот брат Вилијам, тој посветува многу време на добротворни организации. Тие ги следат стапките на нивната мајка Дајана, која Хари ја изгуби кога имаше 13 години. Пред неколку години, принцот изгледаше како љубител на бучни забави, што го привлече вниманието на таблоидите, а неговите постапки потоа го доведоа кралскиот двор во непријатна положба. Сепак, Хари влегува во својата трета декада како многу позрел човек, сериозно посветувајќи им го животот на војската и добротворните цели. Долго време, печатот го нарекуваше „најпосакуваниот ерген во Британија“, но не по појавувањето на американската актерка Меган Маркл. По нивната прекрасна венчавка во мај 2018 година, двојката е скоро неразделна. Двајцата го кршат кралското правило држејки се за рака или кога разменуваат бакнежи за време на јавни настапи, за разлика од другите аристократски парови. На 6 мај 2019 година, принцот Хари стана татко на момче кое, заедно со војвотката од Сасекс - Меган Маркл, го крстија Арчи Маунтбатен-Виндзор. Во јануари годинава двајцата објавија дека се повлекуваат од своите кралски должности и се преселија во САД. Денес, по повод неговиот роденден, палатата Кенсингтон објави убава фотографија од принцот Хари, принцот Вилијам и Кејт на Инстаграм, посакувајќи му среќен празник.
 
View this post on Instagram
 

Wishing a very happy birthday to Prince Harry today! 🎂🎈

A post shared by Duke and Duchess of Cambridge (@kensingtonroyal) on

Секако, кралицата Елизабета II не доцнеше со своите желби и објави фотографија со принцот Хари од приемот во Бакингемската палата од 2017 година:
Роденденот на Принцот Хари му го честитаа и неговиот татко и Камила.
 
View this post on Instagram
 

Wishing a very happy birthday to The Duke of Sussex today! 🎂 📸 PA

A post shared by Clarence House (@clarencehouse) on

„Да ни е вака секој ден!“ – Жељко Самарџиќ и Горан Бреговиќ уживаат на јахта

$
0
0

Жељко Самарџиќ деновиве заедно со Горан Бреговиќ уживаше на јахта и пловеа по Јадранското море. Познатите музичари уживаа во морски плодови, вино и пловидба, па порачаа: На никој не му е поубаво од нас. Само да ни е вака секој ден. Голем поздрав од Бока Которска, порача Жељко.
 
View this post on Instagram
 

I nikom nije ljepše nego nam’ Samo da je ‘vako svaki dan. - Pozdrav iz Boke Kotorske! 🎣🛥🍷🎶⚓️

A post shared by Željko Samardžić (@zeljko_samardzic) on


Катарина Грујиќ е една од најатрактивните „Ѕвезди на Гранд“, ама и сестра и е вистинска „секс бомба“ (ФОТО)

$
0
0

Ѕвездата на „Гранд“, Катарина Грујиќ важи за една од најатрактивните и најпривлечни пејачки во фолк јатото на Саша Поповиќ. Но, колку што можевме да видиме, врз основа на фотографиите што ги објавува на социјалните мрежи, нејзината сестра Бојана Грујиќ не е нишѕо помалку привлечна од неа. Напротив, колку сестра и на Каќа е секси,  може да се забележи особено од фотографиите каде Бојана е сликана во костим за капење.   Кога ќе се соблече, Бојана изгледа повеќе од провокативно и сексапилно… Уште ако има барем малку вокална дарба како сестра и, може сериозно да и ја засени славата и да и стане вистинска семејна конкурентка.

Дива и секси: Андријана Јаневска во ултра куси панталончиња го јавна бесниот мотор (фото)

$
0
0

Пејачката Андријана Јаневска летово си обезбеди „играчка“ со која ќе се разладува, забавува, превезува… Станува збор за мотор од марката „Suzuki V STROM 1000“ со кој Андријана неодамна се пофали на социјалната мрежа Инстаграм. По објавените фотографии многумина се согласија дека изгледа опасно качена на големиот мотор, други пак, се изненадија дека таа воопшто управува со него.
 
View this post on Instagram
 

Како ви се допаѓа мојата нова играчка? 🤘Suzuki V STROM 1000

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska) on

Сега Андријана повторно се пофали со оваа своја нова активност во секојдневието, овој пат качена на моторот во спортско, но секси издание од мачика и куси тексас панталончиња кои ја истакнаа нејзината витка става и долгите нозе.
 
View this post on Instagram
 

Born to be wild 🏍 With my beauty #hondacbf600

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska) on

„Born to be wild“ – напиша таа за фотографијата, а следбениците и пратија коментари дека навистина изгледа „опасно“. Кој не би свртел поглед по ваква секси моторџика?
 
View this post on Instagram
 

#italia🇮🇹

A post shared by Andrijana Janevska (@andrijana_janevska) on

Инаку, последните денови од летото Андријана ги минува во Охрид од каде ги собира последните силни летени сочневи зраци покрај езеро.

Утрински „поглед од милион долари“ на Наташа Малинкова: Голо тело на пејачката завиткано во чаршафи, можеби по ноќта од „милион воздишки“? (ФОТО)

$
0
0

Македонската поп пејачка Наташа Малинкова последните летни денови ги минува полнејќи ги батериите во Охрид. Сезоната за настапи заради корона пандемијата е речиси пропадната, но тоа не значи дека не треба подготвен да се дочека зимата. Впивајќи ги последните септемвриски сончеви зраци пред „жештината да попушти“, сексапилната кавадарчанка реши да го овековечи моментот со неколку уметнички пејсаж фотографии крај Охридското езеро. И кога ќе се спои она со што мајката природа неа ја надарила, со она што природата му го подарила на охридското крајбрежје, добивате комплетно натурална  уметничка слика… И тоа во различни пози. Малинкова во бикини под сенките на дрвјата и распосланите мрежи на рибарите крај брегот или Наташа со сиот свој телесен раскош во бистрите езерски води сеедно… Пејачката во совршен спој со природата, овековечен на серија летни уметнички  фотографии. Последната објавена, од терасата на хотелската соба, е сепак малку поинаква, Фотографија со „поглед од милион долари“, како што напишала и самата, пејачката. И навистина е  сто отсто во право… И тоа заради две нешта. Заради нејзиниот поглед на бистрото, како тепсија рамно езеро и погледот „од милион долари“ на сите останати што ќе ја видат споделената утринска фотографија. А на неа, голото тело на Наташа завиткано само во хотелските чаршафи… Можеби по ноќта „од милион воздишки?“

Заради корона пандемијата, српските пејачи масовно менуваат професија, па еве од што живеат додека немаат „тезги“ (ФОТО)

$
0
0

Откако пејачите останаа без приходи заради корона пандемијата, многу од нив на српската естрада решија да ја сменат професијата! Или барем да инвестираат во нов, дополнителен бизнис, кој можеби во иднина ќе им биде и главен. Така, Дарко Лазиќ отвора кафе-ресторан, а Слоба Радановиќ отвора теретана, Марија Шерифовиќ станува јутубер, а Аца Лукас сега е водител, Наташа Беквалац издава куќа, Гоца Тржан снима ријалити, додека Милан Станковиќ и Весна Змијанац одгледуваат органско овошје и зеленчук! Дарко Лазиќ беше меѓу првите што се одлучија за ново работно место. „Дарко нема тезги веќе шест месеци, а им должи сериозни пари на лихварите. Не знаејќи колку долго ќе трае пандемијата на короната, тој одлучи да отвори ресторан во Бјелина. За промоцијата ќе биде задолжен Дарко, а неговиот пријател ќе вложи 200.000 евра. Ако добро им тргне, ќе отворат ресторан и во Белград“ – вели добро информиран извор. Слоба Радановиќ планира исто така приватен бизнис. Пејачот реши да ги вложи своите заштеди во теретана, која ќе ја отвори наесен. Неговиот колега Аца Лукас не може без камери, па се согласи да работи како водител на кабелска телевизија! „Сакав да го испробам својот водителски потенцијал, за луѓето да видат колку брзо можам да размислувам. Да не бидам само кловн меѓу пријателите, туку и меѓу пошироката јавност“ – вели Аца. Победничката на Евровизија, Марија Шерифовиќ ги шокираше фановите кога откри дека станува Јутјуберка! „Одлучив да инвестирам во мојот канал на Јутјуб, тоа е иднината“ – рече Марија, која има 204.000 следбеници на нејзиниот канал.
Наташа Беквалац сфати како да заработи пари со  изнајмување на луксузен имот во Ченаи. Кој ќе и плати 600 евра, ќе може да помине еден ден во куќа од 400 квадратни метри со шест спални, две дневни, три бањи и голема кујна. Ната исто така им нуди на паровите да се венчаат на нејзиниот имот, но тоа задоволство го наплатува 1.000 евра.
Нејзината колешка Гоца Тржан верува дека има најмногу пари во реалните шоу програми. Поп-sвездата се согласи дека телевизиските камери од К1 да ги следат неа, нејзиниот сопруг Раша Новаковиќ и ќерката Лена, 24 часа на ден. „Реалното шоу „Мојот совршен брак“ ќе ми помогне финансиски затоа што немам настапи поради круната. Јас врзувам крај со крај, имам деловна активност на страна, снимам видеа за ЈуТјуб, рекламирам козметика и шминка … Ова ќе ми се најде“ – вели Тржан. Додека трае корона пандемијата, најдобрите пријатели, фолкерите Весна Змијанац и Милан Станковиќ одлучија да одгледуваат овошје и зеленчук на нејзиниот имот во Букуља. „Таа има голема градина, па ако не се може на сцена, можеме да одгледуваме органско овошје и зеленчук. На тој начин нема да останеме гладни“ – вели Станковиќ.

Не е реално колку си личат: Ова не е Шварценегер кога бил млад, туку неговиот син денес!

$
0
0

Синот на Арнолд Шварценегер, Џозеф Баен, исто како татко му се занимава со бодибилдинг, а обожавателите на познатиот актер не може да се изначудат колку неговиот вонбрачен син личи на татко му. Необична е таа приказна за блискоста, бидејќи како што самиот Шварценегер раскажа, не знаел дека станува збор за негов син, додека Џозеф не наполнил седум години и почнал да наликува на својот татко, па така Арнолд „ги склопил коцките“. Џозеф го има добиено со некогашната помошничка на семејството, Пети Баен. Како што поминува времети не е тешко да се сфати колку наликуваат еден на друг.
 
View this post on Instagram
 

Early morning breakfast 🍰

A post shared by Joseph Baena (@projoe2) on

 
View this post on Instagram
 

“Bend it like @davidbeckham”

A post shared by Joseph Baena (@projoe2) on

 
View this post on Instagram
 

Nothing like the good ol tan-pump combo!

A post shared by Joseph Baena (@projoe2) on

Viewing all 23801 articles
Browse latest View live