
Кога Хозе Са во 2015 пристигна од Маритимо во Порто, малку кој навивач беше воодушевен со приновата во нивниот клуб. Од тогаш голманот главно ја грее клупата на Порто, за првиот тим има одиграно само еден натпревар, а за минути на голот на славниот клуб се бори низ вториот. Затоа што натпреварите на првиот тим се резервирани за шпанската легенда Икер Касиљас.
Ниту денес овој 24 годишен голман навивачите на Порто скоро и да не го приметуваат, но затоа и тоа како ја приметуваат неговата популарна девојка, Ракел Јакоб.
Преубавата Португалка во слободно време е актерка и фотомодел, а еден од нејзините најголеми професионални успеси е фото сесијата за Плејбој.
Кога на преубавата ќе и ја додадете девојката на Касиљас, Сара Карбонеро, добивате пар на девојки на голмани каков што сигурно нема ниту еден друг тим.