
Песната за само два дена успеа да направи повеќе од 100 илјади прегледи на интернет каналот Јутјуб, односно ја постигнува својата намена – да биде слушана, а не заборавена или воопшто нерегистрирана од публиката.
Обично кога се одржува Евровизија кај нас се крева фама околу песната која не претставува, а овојпат токму за „Текила и лимон“ тоа се случи со интензитет дури посилен и од евровизискиот. По многуте коментари на социјалните мрежи Елена реши директно да им се обрати на оние што песната ја карактеризираа како„ лоша“.
-Драго ми е што мојата “лоша” песна ве натера повторно да слушате македонска музика. Ви благодарам за 102.000 прегледи за неполни 2 дена. Ве размрдав нели?, напиша Елена.
Ако досега не сте ја слушнале, во продолжение ја имате „Текила и лимон“.
Извор: Вистина.мк